(Видео) Во Кина отворен првиот хотел со поларни мечки во светот

Во град во североисточна Кина отворен е првиот хотел со поларни мечки во светот.

Хотелот „Поларна мечка“ се наоѓа во рамките на тематскиот парк во Харбин и на гостите им ветува дека можат да ги гледаат мечките наоколу од сите 21. соба.

„Без разлика дали јадете, спиете или играте, поларните мечки секогаш ќе ви прават друштво“, стои во најавата од хотелот.

Мечките се сместени во затворен дел, каде што има вештачки мраз и мали базени со вода. Кога воздухот не е загаден и температурите дозволуваат, мечките се пуштаат надвор.

Портпаролката на хотелот вели дека има голем интерес за букирање, а цените за ноќевање се движат од 290 до 352 долари. Потпретседателот на ПЕТА Џејсон Бејкер реагираше дека на поларните мечки место им е на Арктик, не во зоолошки градини и аквариуми, а најмалку во хотели.

Scroll to Top