20 години од светската премиера на „Господар на прстените“

Познатиот серијал „Господар на престените“ на Питер Џексон прослави 20-годишнина од неговата светска премиера. На 10 декември 2001 година, првиот филм на трилогијата „Господар на престените“ на Питер Џексон, „The Fellowship of The Ring“,  ја имаше својата Лондонска, додека пак светската премиера се случи на денешен ден, на 19 декември 2001 година. Тогаш филмот заработи 897 милиони долари.

Една година подоцна, вториот дел „The Two Towers“, заработи 947 милиони долари, додека пак „The Return of The King“ заработи уште 1,15 милијарди долари во 2003 година.

Базирани на истоимениот роман во три тома на Џ.Р.Р. Толкин, трите филма ја следат авантурата на хобитот Фродо Багинс, кој живее во измислениот свет на Средната Земја. Тој и неговата Дружина добиваат задача да го уништат Единствениот прстен, а со тоа да го уништат и неговиот творец, Темниот Господар Саурон. Во одреден момент, Дружината се разделува и Фродо продолжува со неговиот верен придружник Сем и предавничкиот Голум. Во меѓувреме, Арагорн, наследник на тронот на Гондор во егзил, заедно со Леголас, Гимли, Боромир, Мери, Пипин и волшебникот Гандалф, се обединуваат за да ги спасат слободните народи на Средната Земја од силите на Саурон и да ја извојуваат војната на Прстенот со цел да го одвлечат неговото внимание. Само така Фродо би имал можност да го уништи прстенот.

Според Box Office Mojo, само четири филма заработиле повеќе од последниот дел од трилогијата, а тоа се „The Lion King“, „Jurassic park“, „Star Wars Episode I“ и „Titanic“.

Иако поминаа цели две децении, сепак популарниот серијал сè уште доминираат во доменот на кинематографската фантазија, благодарение на квалитетниот изворен материјал, одличните локации за снимање, вниманието на деталите, масивните воени сцени, практичните и специјалните ефекти, но и актерите Елајџа Вуд, Иан Меккелен, Лив Тајлер, Виго Мортенсен, Шон Астин, Кејт Бланшет, Џон Рис-Дејвис, Кристофер Ли, Били Бојд, Доминик Монаган, Орландо Блум, Хуго Вивинг, Енди Серкис и Шон Бин кои одлично ги одиграа своите улоги.

Трилогијата освои 30 номинации за Оскар и вкупно 17 осовени статуетки. Таа е најуспешна во историјата на филмот и до ден-денес претставува инспирација за други фантастични филмови и серии, каде се вбројува и една од најпопуларните тв серии, „Игра на престолот“, но исто така даде и поттик за развој на туризмот во Нов Зеланд, меѓу другото.

 

Scroll to Top