Поврзани, иновативни, креативни, инклузивни, приспособливи и, најважно од сè, посветено одржливи, УНЕСКО ја објави листата на градови што ќе ја понесат титулата паметни градови за 2020.
По повод Светскиот ден на градовите, што УНЕСКО го одбележува на 31 октомври, беа избрани 10 града на иднината, кои се истакнуваат со својот развој во одредена област. Тие ќе го примат признанието Netexplo Smart Cities 2020 на форум што ќе се одржи на 18/19 март.
Победници за 2020 се:
- Остин (САД) – мобилност
- Дакар (Сенегал) – образование
- Еспо (Финска) – технологија
- Меделин (Колумбија) – привлечност
- Шенџен (Кина) – транспорт
- Сантјаго (Чиле) – финансии
- Сингапур – нулта стапка на емисија на штетни гасови
- Сурат (Индија) – отпорност
- Талин (Естонија) – дигитална трансформација
- Виена (Австрија) – домување
Меѓу добитниците е проектот на виртуелен универзитет во Сенегал, Меделин, кој во една своја област развива иновации на полето на енергијата и јавното здравје и мобилниот систем за контрола на води и за рециклирање отпадни води во Сурат.