47-годишна Австралијанка е Мис бикини

Самохраната мајка Џина Стјуарт е една од финалистките за изборот Мис Максим 2018 година. Овој избор е познат и како Мис бикини, а го организира списанието за мажи „Максим“. Оваа 47-годишна мајка на четири деца ја опишуваат како вистинска секс-бомба.

Русокосата Австралијанка ги засенила многу помладите кандидатки на ова натпреварување.

„Единствена операција што сум ја направила во животот е операција на градите пред 10 години. Не користам ботокс и филери и верувам во достоинствено стареење. Искрено, нема никаква тајна. Јас ова не го правам поради внимание туку се обидувам да ги инспирирам жените да се поддржуваат едни со други“, рекла Џина.

Таа се надева дека ќе ја освои првата награда за да може да донира 10.000 долари за својата пријателка која неодамна доживеала инфаркт, а има само 30 години.

Scroll to Top