7-годишниот Ѓорѓи мести Рубикова коцка за 4 секунди

Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје за само неколку секунди ја мести Рубиковата коцка. Тој на интернационалниот натпревар во решавање Рубикови коцки Albanian Open 2018 соборил два национални рекорда – најдобро време (4,37 секунди) и средно време (6,77 секунди) во решавање Рубикова коцка 2х2. Постигнал и најдобро време (12,64 секунди) и најдобро средно време (17,36 секунди) во решавање Рубикова пирамида. Претходните рекорди биле поставени во 2010 година.

Ѓорѓи, како што пишува деца.мк, е ученик од второ одделение од основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ и вели дека обожава математика.

Целиот текст за Ѓорѓи можете да го прочитате ТУКА.

Scroll to Top