75 години од првата премиера во МНТ

Македонски народен театар денес ја слави 75-годишнината од првата премиера, претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров. Оттаму велат дека иако денес сцената е празна, сите го чувствуваат „мирисот на сцената и театарската светлина“.

„Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост. Вие, актерите, од различни генерации играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секогаш давате сè од себе. Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инжинерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива“, велат од театарот.

Женидба (1979)

Иако првпат се соочуваат со празна сцена и празни седишта, театарските работници се сигурни дека светлата повторно ќе се запалат, а актерите ќе ги облечат костимите.

„Тетарот бил, тука е и ќе остане засекогаш. Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика. Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање нови претстави, проекти, изложби. Затоа, на сите што сте биле и сте дел од МНТ на било кој начин, би сакале да ви заблагодариме за сѐ и за секоја ваша пожртвуваност да ви оддадеме почит! Нека ни е честит јубилејот!“, велат од МНТ.

Балканот не е мртов (2001)
Црнила (2005)
Scroll to Top