Ајфеловата кула повторно се отвора за туристите

 Ајфеловата кула во Париз повторно ќе биде отворена на 25. јуни, откако претходно беше затворена поради пандемијата со коронавирусот.

Ајфеловата кула беше затворена на средината на март, поради Ковид-19. Луѓето повторно ќе можат да уживаат во спектакуларните погледи на Париз.

Но, сите туристи ќе мораат да се искачат пешки, затоа што лифтовите не работат. Посетителите ќе можат да се искачат најмногу до вториот кат, 115 метри над земјата, односно 674 скали.

Сите кои се постари од 11 години, за време на качувањето, ќе мора да носат маски за лице, пренесува SeeBiz. Управата на кулата се надева дека лифвтовите ќе ги пушти во промет, веднаш откако тоа ќе го дозволат здравствените услови.

Врвот на Ајфеловата кула до понатаму ќе остане затворен, затоа што до него може да се стигне само со лифт.

Скали постојат, но само од вториот до третиот кат и истите се наменети како излез во итни случаеви. Франција од 11. мај почна во фази да ги попушта мерките воведени поради Ковид-19.

Кафулињата и рестораните беа отворени минатата недела, но во Париз послужувањето е дозволено само на балконите. Повеќето туристи не се очекуваат пред крајот на јуни.

 

Scroll to Top