Ајфеловата кула, симболот на Париз е затворена поради штрајк на вработените кои негодуваат поради долгите редови на туристи. Сите сакаат да се качат на 324 метри високата атракција.
Управата на кулата и претставниците на синдикатот CTG не успеале да постигнат договор во врска со новиот систем на пристап за туристите во кулата. Како што тврдат работниците, се создаваат големи редови на посетители, пренесува АП.
Ајфеловата кула е затворена од вчера во 16 часот.
Новиот систем кој е воведен од јули, предвидува одвоени лифтови за повеќе типови на карти, а вработените тврдат дека таквиот начин на работа е исцрпувачи. Секојдневно се соочуваат со нервозни туристи.
Повеќе од 40 милиони туристи го имаат посетено Париз минатата година, а повеќе од шест милиони се качиле на 324 метри високата Ајфелова кула.