Ако сакате лајкови, глумете дека ве боли глава

By
Професионалниот шминкер од Лос Анџелес Нам Во на жените им препорачува следниот пат кога ќе се фотографираат да ја држат раката на главата.

dobivaj vesti na viber

Camouflaged so well with the wall the waiter kept walking past me 🙄 @hellomolly

A post shared by OLIVIA MATHERS (@olivia.mathers) on

Австралиските модели воведоа ново правило кај фотографирањето, познато како „мигренозна поза“. Како што вели и самото име, тоа е поза во која дланката се држи на главата, нешто слично како во моментите кога имате главоболка.

Thinking of far away places 💭💫💕✨🚀

A post shared by Bee Ella (@biancaellabooth) on

Професионалната шминкерка од Лос Анџелес Нам Во на жените им препорачува да ја користат токму ваквата поза. Жените ширум светот веќе го имаат прифатено ваквиот начин на фотографирање, а голем број фотографии веќе можат да се забележат на социјалните мрежи.

„Во вели дека со користењето ‘мигренозната поза’ автоматски девојките добиваат еден вид  фејслифтинг“, пренесува „Дејли мејл“.

@pacsun @laheartsbikinis #psgirls

A post shared by Isabelle Mathers (@isabellemathersx) on

„Ми се допаѓа поради тоа што раката му дава на лицето поизразит облик. Јас секогаш ги поттикнувам моделите така да се фотографираат. А тоа е добар начин да се покаже и маникирот. Најголемата предност е тоа што позата на моделот му дава инстант фејслифтинг“, изјавила Нам Во за „Ел“.

Тие кои страдаат од хронична мигрена се бесни поради ова затоа што сметаат дека најновиот инстаграм-тренд ги навредува нив и болките што мигрената им ги задава.

 

Ќе ви се допадне