Одлуката на обезбедувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се вози во Загреб со својот претседателски автомобил „ауди А8L3“ предизвика големо внимание во Хрватска.
Токму овој автомобил им падна во очите на јавноста покрај колоната од петнаесет црни лимузини и џипови од хрватската безбедност.
Станува збор за блиндирана верзија на лимузината на германски производител за балистичка заштита, чија каросерија е направена од материјал вообичаен за воените возила што се отпорни на куршуми.
Моќноста му достигнува до 425 коњски сили, и за 6,5 секунди може да достигне брзина од 100 километри на час. Нето-цената на овој автомобил изнесува околу 135.000 евра.
Моќното возило, како што го нарекоа хрватските медиуми, е лична донација од шеикот Мухамед бин Зајед.
Не е прва донација
Србија во 2013 година од страна на Мухамед бин Зајед добри три блиндирани мерцедеси GL500. Шеикот во тој период му донирал три блиндирани „мерцедес GL500“ на Министерството за одбрана во време кога Александар Вучиќ беше на чело на тој ресор. Автомобилите се дадени на располагање на државните органи и користени се за превоз за странски делегации што престојуваат во Србија. Еден „мерцедес“ е даден на користење на тогашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ. Работник од овластениот сервис со споменатото возило тогаш имаше незгода за време на пробното возење кога се удри во автобус.