Американското министерство за правда ги измени протоколите за извршување на смртна казна. Со новите измени, федералните осуденици на смрт, сега може да се убиваат и на други начини, освен со смртоносна инекција.
Според правилата кои во петокот беа објавени во Сојузниот регистар, американската влада сега би можела да користи каков било друг начин, пропишан со законот на државата, во која е изречена казната за извршување на егзекуцијата.
Како пример се земени вдишување азотен гас, стрелачки вод и бесење. Листата од овие други начини на извршување на смртна казна во американските држави не е долга, но би можела да биде изненадувачка, за оние кои не се запознати со американските погубуувања.
Во САД, смртната казна е дозволена во 28 од вкупно 50 држави, а смртоносното вбризгување на инекција, е најчестиот метод кој се применува.
Во државите Флорида, Вирџинија и Кентаки и понатаму се користат ударите со стурја. Осудениците буквално се „пржат“ на електрична столица, нешто слично како во филмот „Зелената милја“ на Стивен Кинг.
Во уште неколку држави, како Арканзас и Оклахома, можат да се послужат со ваков метод, како алтернатива, доколку се утврди дека другите се незаконски или недостапни.
Вдишувањето на отровен гас, како извршно средство е дозволено во седум држави. Алабама е последната држава која го користи овој метод на гушење на обвинетиот. Во Вашингтон, осудените затвореници можат да одлучат како сакаат да бидат погубени со бесење.
Стрелањето како метод на погубување и понатаму се користи во Мисисипи, Оклахома и Јута, е наведено во информациониот центар за смртна казна.
Во некои држави, кои практикуваат различни актернативи на погубување, на осудениците им даваат избор пред смртта, да одлучат на кој начин сакаат да го напуштат овој свет.
Во јули, американското Министерство за правда повторно изврши смртна казна за првпат од 2003 година, погубувајќи тројца од сојузните затвореници. Уште петмина се усмртени меѓу август и ноември. Последната личност која е убиена, бил Орландо Хол, кој е обвинет за киднапирање, силување и убиство на шеснаесетгодишната Лиза Рен, уште во 1994 година.
Сите осуденици се усмртени со смртоносна инекција на Пентобарбитал, но таа супстаца во иднина би можела тешко да се набавува и би била многу скапа.
Враќањето на сојузните смртни казни, наиде на бран на осуда од страна на Демократската партија, затоа што, американските сојузни власти, во 2020 година, погубиле повеќе луѓе, отколку во претходните 50 години.
Од Министерството за правда се закажани уште пет погубувања, пред инаугурацијата на новиот претседател на САД во јануари.
Најавената измена на протокол на извршувањето на казните, ќе стапи на сила на 24. декември, но засега не е пзонато дали сојузната влада ќе изврши некои од закажаните погубувања на некој друг метод, освен со смртоносна инекција.