Во февруари следната година, во САД ќе се организира првиот избор за „Најдобра американска песна“, по теркот на Евросонг. На натпреварот ќе учествуваат музичари од сите американски сојузни држави и ќе пеат оригинални песни кои не се претходно изведувани. Песните ќе се бодуваат по евровизиски принцип, ќе има три квалификациски круга, па полуфинале и финале, открија организаторите.
Веќе неколку години музичките продукции од САД размислуваат за учество на Евросонг, и избор на песна во Америка, што потоа би ја пратиле на европскиот избор. За сега не се знае дали победникот на изборот што ќе се случи 2022 година ќе се натпреварува о Торино, Италија.
За потсетување, пред неколку години на Евросонг почна да се натпреварува и Австралија, а и Кина сака да испрати свој претставник на најголемото музичко натпреварување во Европа.