Америка подигна визен ѕид за руските уметници

Русија соопштила во саботата дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да изградат „визен ѕид“ кон Русите затоа што балерините и балатаните од московскиот Болшој театар, биле одбиени за виза за настап во Њујорк.

Министерството за надворешни работи изразило жалење поради американската одлука да им ги скрати визита на руската примабалерина Олга Смирнова и соло танчерот Јакоп Тисиј, кои требале да настапат на гала настанот во Линколн центарот.

„Ова не се случувало дури ни за време на Студената војна“, наведува министерството во соопштението.

„Денеска сепак силите во САД се преокупирани во обидите да извршат што е можно поголем притисок врз Русија. Тие се обидуваат да ги оградат Американците од Русите со визен ѕид, како што можеше да се види и порано, правејќи го патувањето на нашите граѓани во САД, практично невозможно“, соопштиле од министерството.

 

Од московскиот театар соопштиле дека не можат да коментираат затоа што не е организирана турнеја и нема информации за аплицирањето за виза.

„Поради тоа што работната виза исто така не е издадена на време за Јакоп, кој е италијански државјанин, ние ваквата ситуација би ја протолкувале како неправилност во процедуралните формалности, а не како настан поврзан со моменталните политички напнатости“, наведуваат од канцеларијата за односи со медиуми од театарот во Москва.

 

Scroll to Top