65-годишниот Кевин Конерс е обвинет за убиство на сопругата, оти го држел пиштолот со кој таа се убила. Против Конерс е покренато обвинение за убиство.
На 6 септември лани Конерс повикал итна помош и пријавил дека неговата тешко болна жена извршила самоубиство. На полицајците им кажал дека се разбудил од звук на истрел. Подоцна признал дека ѝ помогнал на жена си да се самоубие.
„Конерс го направи она што секој маж би го направил за својата сопруга што страда“, рекол адвокатот на Конерс на судењето што почна пред неколку дена.
Лори Конерс била болна од рак на јајниците кој бил метастазиран, а по хемотерапијата состојбата се влошила. И еден месец пред нејзината смрт таа се обидела да се самоубие и се предозирала со таблети, но тогаш преживеала. Таа оставила проштално писмо до семејството во кое се извинила што веќе не можела да се бори против болеста.
Двајцата сопружници биле многу големи верници, па на судењето Конерс рекол дека неговата сопруга сакала да биде со Бога. Додал дека таа се плашела дека нема да успее да се застрела, па затоа се согласил да ѝ помогне.
Во американската држава Конектикат еутаназијата или самоубиството од сомилост е забрането, а законот наречен „Смрт со достоинство“ беше неколку пати отфрлен. Државата Конектикат досега осуди неколкумина кои помогнаа во слично самоубиството. Пресудата за Конорс ќе се знае следната недела.