Американец ги погодил сите шест бројки и ја освоил главната премија на играта на среќа Mega Millions, вредна 1 милијарда долари.
Засега среќниот добитник на лото ливчето не е откриен. Организаторите ги соопштиле само добитните броеви, 4-26-42-50-60. Од таму велат дека тој успеал да го погоди и Mega Ball бројот 24.
Ова е втора најголема добивка во историјата на Mega Millions и трета најголема во историјата на САД. Организаторите објасниле дека шансите да се добие овој џекпот, е 1 спрема 302.575.350.
Ако среќниот добитник сака да ја подигне премијата во кеш, ќе му бидат исплатени само 739,6 милиони долари. Џекпотот сега се ресетира на 20 милиони долари за наредното извлекување.