Англиски пациент починал по операција на срце направена од робот

Пациент од Њукасл, Стивен Петит, починал по операција на срце направена од роботот „Да Винчи“. Како причина за смртта било наведено откажувањето на неколку други органи.

Кардиохирургот Сукумаран Наира, кој требал да ја надгледува операцијата, признал дека му била потребна поголема пракса со ракувањето на роботот, пред да биде опериран пациентот.

Да биде работата уште полоша, експертскиот тим задолжен за употреба на модерниот робот „Да Винчи“  пред самиот крај на операцијата ја напуштил салата.

На пациентот требало да му биде сменет еден од залистоците на срцето, но за време на зафатот била направена штета на околното ткиво.

Подоцна му бил отворен градниот кош, но се утврдило дека било доцна за да се спаси неговиот живот. Иако Петит бил приклучен на апарат што требало да му ја зајакне работата на срцето, други органи му откажале.

Scroll to Top