Анксиозноста некогаш има и позитивни страни

By

Иако звучи недоверливо, сепак оваа состојба може да ве научи на многубројни работи кои ќе ве направат уште посилни и умствено поздрави. Во продолжение откријте за што се работи.

1. Анксиозноста прави да сте уште повнимателни

Замислете колку пати би се вовлекле во некаква невојла ако не сме имале толкава анксиозност што ве спречила. На пример: Имате страв од автомобили и секогаш чекате зелено светло за да поминете или додека убаво не се уверите дека нема автомобили за да поминете. Не одите на улица, туку строго на третоар. Не слушате гласна музика за да можете да ги слушнете звуците од автомобилот, особено во странство. Анксиозноста прави максимално да сте концернтрирани и внимателни.

2. Го давате својот максимумум и целите кон уште поголем

Колку пати само повторувате некоја работа додека не е доволно совршена за да ја пуштите во етер? Многупати, до тој степен што можете умствено да се заглавите. Можеби за вашето психичко здравје не е толку добро, но, сепак, можете да издејствувате да го изведете најдоброто од вас, барем онолку за колку што мислите. Сигурни сте дека можете уште подобро, иако анксиозноста ве кочи да си признаете.

3. Ги цените и почитувате послабите од вас

Анксиозните ги шират крилјата за да ги прегрнат послабите и да им покажат дека има некој што ги цени и почитува онакви какви што се. Се трудат да им помогнат, иако многупати се чувствуваат загрозени од посилните. Се полнат со немоќ и копнеат по туѓа закрила. Ним им е потребна љубов, многу љубов и разбирање, поддршка и внимание. А тие возвраќаат со уште повеќе затоа што само оној што поминал низ пеколот знае како е да горите, а да не договорувате.

4. Анксиозноста ве тера да се подобри партнери, родители, пријатели, деца

– РОДИТЕЛИ

Како мајка која цело време е загрижена за себе, уште повеќе се грижи за своето дете. Ако просечна мајка трипати во определено време го проверува детето, анксиозната мајка тоа ќе го направи дури петпати. И тој страв се зголемува низ годините до тој степен што детето секогаш ќе биде мало во очите на мајката. И тоа е во ред бидејќи мајчинството е најпрекрасното нешто што никогаш не е проследено со каење, туку со убавина и благослов, иако анксиозната мајка ќе се кае што не била уште подобра. А тоа воопшто не е вистина.

– ПАРТНЕРИ

Исто така, анксиозноста ве прави уште подобри партнери и тоа поради неколку работи:

  • тука сте да сослушате и да дадете поддршка
  • се трудите да ја прифатите реалноста и да го живеете моментот
  • се гушкате како луди
  • се бакнувате страсно
  • ја цените секоја секунда од поминатото време
  • живеете во друга реалност додека сте во зоната на комфорот

Но, за ова да биде вистина, потребно е партнерот да постави услови за тоа, односно доколку тој ве обвинува и критикува, ве прави да се чувствувате немоќни и покорни, ве потценува и ве омаловажува, ве задушува и психички ве малтретира, посесивно ве следи во секој чекор и не ви дава ми…, тогаш анксиозноста ескалира до повторувачки панични напади, па често дури и до некој степен на нервен слом. Ваквите партнери треба да се забранат со закон! Затоа што поради нив, анскиозните не може да ги искажат во целост љубовта и почитта што ги поседуваат.

– ПРИЈАТЕЛИ

Анксиозните се изгореле доволно во животот на секое емотивно поле и точно знаат што значи да сте оставен сам на себе во најтешките моменти. Додека околината се прашува што се случува со вас, дали пиете некои апчиња или се дрогирате, што е тотален апсурд, вие ринете сè подлабоко. Колку повеќе се обидете да излезете, околината ве закопува уште подолу. Навидум потсеќа на жив песок. Свесни дека морате да излезете, но канџите на песокот се посилни и ве држат до лудило, до степен да сакате да сте сами, до степен да не можете да го издржите повеќе товарот на своите плешки. Во ваквите моменти ви треба поткрепа, ви треба прегратка, ви треба закрила. Ви треба некој што нема да ве осудува, нема да ве омаловажува и нема да дозволи да му подлегнете на силниот притисок.

И кога ќе се појави вашиот ангел чувар, ќе станете посилни и ќе бидете спремни да им помогнете на послабите, како и да бидете лојални, искрени, присутни… Да се претворите во одлични психолози, да бидете уште подобри слушатели, да бидете, пред сè, пријатели во вистинска смисла на зборот.

 ДЕЦА

Пред сè, сите ние сме нечии деца, односно така настанал нашиот животен процес. Додека растеме, опкружени сме со внимание од родителите, безгрижни сме и не мислиме на ништо лошо. Но, како старееме, така и нашите стравови растат. Сè повеќе деца ги губат своите родители во текот на годините и кај нас се јавува еден силен ненормален страв од она не дај боже. Поминуваме цели ноќи некогаш мислејќи на најлошите сценарија, дали се добро, како се…

Токму затоа анксиозните особено се трудат да бидат најдобрите деца што може да постојат. Целат кон тоа да го искористат секој момент од нивното драгоцено време со своите родители. Да им помогнат кога треба, да ги гушкаат најсилно, милиони пати да им повторуваат колку ги сакаат и ценат, да им дадат дел од својата душа за тие да бидат постојано среќни и задоволни.

5. Секогаш сакате сè да е совршено

Можете да ја наречете оваа состојба и OCD, но анксиозните уживаат да го средуваат нередот кога имаат висок степен на анксиозност. Се трудат да ги наместат работите така што ќе завладаее околу нив совршена хармонија, што не е случај кога творат бидејќи тогаш се наоѓаат во некакво хаотично растројство. Но, се обидуваат да го средат тоа со милион маркери во разни бои. Имаат стотици креативни помагала, кои никогаш не им се доволни. Главно се трудат максимално да се посветени и да уживаат во својата хармонија.

Марија Прличкова

 

Ќе ви се допадне