Пред неколку недели, научниците на украинската истражувачка база „Вернадски“, забележале дека снегот на Антарктикот е обоен со црвена боја.
Фотографиите од како што тие го наркеуваат „крвавиот снег и лед“, изгледале како да се случил масакр од хорор филм. Тие велат дека причината за оваа појава е далеку помалку драматична, но за жал ќе има сериозни последици.
Морскиот еколог Андреј Зотов од Украинската академија на науки, ги снимил овие фотографии додека го спроведувал истражувањето во станицата на Антарктикот.
Тој вели дека младите алги кои имаат зелена боја имаат две структурни опашки кои се слични една со друга и кои се нарекуваат „флагела“. Со нивна помош тие пливаат. Како созреваат, тие губат од подвижноста и развиваат способност за преживување во своето екстремно опкружување.
Околу нив постои секундарниот изолациски келиски ѕид, кој се наоѓа во црвениот слој каротеноид, кој го менува нивниот изглед и од зелена се претвора во портокалова, а понекогаш дури и во црвена боја.
„Овој слој ги штити алгите од ултравиолетово зрачење“, објаснуват од украинскаа академија на науки.
На нивната „Фејсбук“ страна тие објаснуваат дека каротеноидите им помагаат на алгите да впијат повеќе топлина, а за возврат тие ја топлат водата во која можат да напредуваат. Тоа е добро за нив и инсектите кои ги јадат.
Сепак научниците велат дека постојат и други штетни последици. Истражувањето од 2016 година покажало дека цветањата на снежните алги, можат да ја намалат количината на рефлексија на сончевата светлина и до 13 проценти и тоа само во една сезона на топење на ледот на Арктикот.
„Ова несомнено ќе доведе до поголема стапка на топење на ледот“, напишале истражувачите.
Во 2017 година научниците за заштита на животната средина пресметале дека микробните заедници, меѓу кои и овие алги, допринесуваат снегот на студените полиња на Алјаска да се топи за една шестина.
Нивните експерименти покажуваат дека кај подрачјата со поголема површина на стопен снег и лед на водата, расте и бројот на алги за 50%, а местата со повеќе алги и повеќе се топат. Со други зборови, зголемените температури доведуваат до повеќе топла вода, што го поттикнува растот на алгите, а тоа доведуа до поголемо топење на ледот.