Пред една година, по преживеан епилептичен напад, Цаци беше дијагностицирана со Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, од левата страна на главата. По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија резултатите упатуваа кон позитивен исход, меѓутоа на последниот преглед, туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина.
На Цаци во моментов ѝ е потребна втора брза хируршка интервенција, која повторно ќе се одржи во Скопје, Македонија. Поради тоа што ова е еден од најагресивните форми на канцер, единствената шанса е лекувањето во специјализираната клиника на универзитетот во Тексас MD Anderson Cancer Center, каде што проценката за нејзиното лекување е околу 200 000 долари.
„Ве замолуваме сите кои што можете, заедно да ѝ помогнеме на Цаци да ја победи болеста, затоа што нејзината борба е и наша борба. Донации може да се вршат преку GoFundMe и преку сметката за Цаци на Стопанска банка со број 200003381608851. За уплати од странство ставени се на располагање две девизни сметки:
IBAN: MK07200003381613507 USD
MK07200003381611470 EUR
SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X
Исто така активна е и телефонска линија за донации на VIP 143 483“, се вели во апелот за помош.