Астероид во форма на череп се доближува до Земјата и се очекува да прелета во нејзина близина на 11 ноември. Астрономите на астероидот 2015 ТВ145 првично му дадоа надимак Голема тиква поради неговата форма.
За првпат астероидот е забележан на 15 октомври 2015 година, само неколку дена пред Ноќта на вештерките, која се слави на 31 октомври. Во тој период астероидот бил оддалечен само 499 000 километри од Земјата, а се движел со 125 500 километри на час. Овој пат се очекува далечината да биде драстично намалена.
Dead comet 2015 TB145 as seen from the Arecibo Observatory in Puerto Rico @NAICobservatory pic.twitter.com/FH0loX7L0O
— Antonio Paris (@AntonioParis) November 3, 2015
„Патеката по која патува 2015 TB145 ни е добро позната. Се проценува дека астероидот има пречник од 700 метри, и иако изгледа голем, астероидот е толку мал што нема никакво гравитациско влијание на Месечината или Земјата“, изјавил Пол Чодас, директорот од Центарот за проучување објекти во близина на Земјата.
„Откривме дека објектот рефлектира околу 6% светлина што ја добива од Сонцето“, изјавиле од Планетарниот научен институт во Таксон, Аризона.
El fantasmagórico asteroide ‘calavera’ se acercará a la Tierra después de Halloween: En su primera visita, el 2015 TB145 pasó a una distancia de ‘apenas’ 499.000 kilómetros y a una velocidad de 125.500 kilómetros por hora. https://t.co/Di5eUh7aZy pic.twitter.com/bsT6qtDalB
— … (@fernand10072000) September 29, 2018
„Тој е сличен како свеж асфалт. И додека тука, на Земјата, ни изгледа доста мрачно, тој е посветол од типична комета што рефлектира 3 до 5% од светлината. Тоа укажува дека има потекло од комета. Но, поради тоа што не може да се забележи гасната обвивка, може да се заклучи дека станува збор за мртва комета“, велат од институтот во Аризона.
Следниот пат овој астероид ќе мине покрај Земјата во август 2027 година. Тогаш од Земјата ќе биде оддалечен 383 000 километри.
Астрономите велат дека нема опасност истиот да удри во Земјата, а доколку тоа би се случило, би уништил само некоја помала држава или би покренал големо цунами.