Астрономите и научниците од Европската јужна опсерваторија открија галаксија во вселената, која полека почнува да згаснува. Тоа велат дека може да биде значајно откритие во разбирањето на вселената и животот во галаксијата.
Како што навеле од Европската јужна опсерваторија, галаксијата умира кога ќе престане да се формираат ѕвезди. Галаксијата што ја откриле со неверојатна брзина ја губела силата и производството на гориво, кое го добивала со помош на ѕвездите.
Во ESO веруваат дека гаснењето на галаксијата е предизвикано со судир со друга галаксија. Според наводите на ESO, новата галаксија, која се формира со судирот, е позната под името ID2299.
„Ова е првпат во далечната галаксија да забележиме типична масовна галаксија што создава ѕвезди и која умира поради масовното исфрлање гасови“, вели Анаграција Пуглиси, водечкиот човек на тимот истражувачи, кои ја спровеле новата студија.