Астролозите велат дека хороскопскиот знак кој е најопседнат со пари и дека никогаш не би ви позајмил дури и да му побарате е јарецот.
Претставниците на овој знак се честопати нервозни поради материјалната состојба во која се наоѓаат и дека парите им се на прво место. Затоа што се загрижени за својата иднина, прифаќаат само добро платени работни места што ќе им обезбедат сигурна заработка.
Честопати се цел на озборувања поради скржавоста и затоа што постојаното размислуваат за пари. Но, јарците на парите гледаат како на средство за преживување и удобен живот, па не ги интересираат коментарите од околината. Нивните амбиции се големи и тоа им дава оправдување за таквото однесување.
Најмногу сакаат кога заработуваат големи суми пари од две или повеќе паралелни работи. Не сакаат да ризикуваат со трошење и вложување.
Ако планирате да позајмувате пари од некого, не барајте од јарецот. Колку и да сте блиски, парите ги дава со мака.