Астронаутка пораснала пет сантиметри по три месеци во вселената

Астронаутката на НАСА Eн Макклејн пораснала пет сантиметри откако три месеци престојувала во Меѓународната вселенска станица.

„Јас сум веќе пет сантиметри повисока во споредба со висината што ја имав кога пристигнав тука“, напишала таа на „Твитер“.

Од јапонската агенција за вселенски истражувања велат дека заради недостиг на гравитација во вселената, човек обично расте 1 до 2 сантиметри.

Во Меѓународната вселенска станица во моментов се рускиот космонаут Олег Кононеко и канадските астронаути Ен Макклејн и Дејвид Сен-Жак. Тие се упатија кон МВС на 3 декември со вселенското летало „Сојуз МС-11“.

Scroll to Top