Авион принудно слета оти мајка си го заборавила бебето во чекална

Авион во Саудиска Арабија направил круг и слетал принудно  веднаш по полетувањето, откако една патничка се сетила дека го заборавила бебето во чекалната. Пилотот на авионот кој летал накај Куала Лумпур, од контролорите на воздушниот сообраќај побарал да се врати на аеродромот во Џеда.

„Нека Бог биде со нас. Можеме ли да се вратиме или што да правиме понатака? Патничка го заборавила своето бебе во чекалната“, рекол пилотот, а снимката од неговиот разговор со контролорите бил објавен и на социјалните мрежи.

Кога контролорот побарал од пилотот да го потврди тоа што го кажал, пилотот му одговорил дека патничка го оставила своето бебе на терминалот и дека одбива да продолжи со патувањето. Контролорот потоа им дал дозвола да се вратат на меѓународниот аеродром „Кралот Абдул Азиз“ и рекол дека првпат се соочуваат со таква ситуација.

 

Scroll to Top