Стефан Вебер, познат ловец на плагијати, обвинува дека докторска дисертација на австриската минисерка за правда Алма Задиќ е плагијат. Тој и поранешниот декан на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло тврдат дека додека ја пишувала Задиќ својата докторска дисертација на тема „транзициска правда во поранешна Југославија“, многу копирала.
„Строго формално, би рекол дека се работи за плагијати на текстови. Оригиналните цитати се речиси целосно преземени, а пар изрази се парафразирани“, вели професорот Тејсен.
Ренер, пак, откри дека 85 цитати не биле означени како што треба.
Вебер вели дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот.
Министерката Задиќ при првата реакција, рече дека ова се неосновани и неточни тврдења.
За постетување, Вебер минатата година ја „собори“ поранешната министерка за труд Кристина Ашбахер, која поднесе оставка откако тој јавно ги изнесе тврдењата дека нејзината научна работа е плагијат.