Австриските доброволци зеле одмор за да гасат пожари во Малешевијата

Ниту еден од вкупно 140-те австриски пожарникари и помошници кои се борат со пожарите во Малешевијата не е професионалец, туку сите се доброволци. Поради што повеќето од нив морале да земат одмор, поради отсуството на своите редовни работни места во Австрија.

Тие пристигнаа во четвртокот, а во сабатата ја направија првата замена, откако 96 од нив се вратија во Австрија, а на нивно место дојдоа 114 нови.

На официјалната фејсбук-страница на Австријците редовно се споделуваат нови информации околу пожарите во Македонија.

Пожарот кој гореше кај местото викано Бeјаз Тепе во општина Пехчево, а потоа се префрли кај селото Будинарци во Берово е локализиран. Во моментов има три активни пожари во земјава. Пожарот во близина на селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај гори веќе неколку дена и се прошири кон ловиштето Јасе, но засега огнот е под контрола, додека останатите два се кај селото Дивље во Петровец и кај селото Топлица.

Scroll to Top