Автомобили чии сопственици ги чуваат најдолго во своите гаражи

Лојалноста на купувачите е нешто што автомобилските компании исклучително го ценат, особено кога возачите ги задржуваат нивните возила со години. Тоа е еден од главните индикатори што се однесува на лојалноста, трајноста и квалитетот на изработката на возилата.

Судејќи според најновите резултати од истражувањето што ја спровело интернет-страницата iSeeCars, се чини дека сопствениците на брендот Toyota се најлојални купувачи и тие ги задржуваат своите возила и во просек над 15 години.

Било направено истражување во кое учествувале над 660.000 возила произведени меѓу 1981 до 2005 година, а кои биле продадени во 2020 година.

Целта била да се утврди кои модели на автомобили може најдолго да останат кај своите сопственици, а истражувањето се однесувало на побарувачката на американскиот пазар.

Резултатите покажале дека 7 од 10 автомобили, кои најверојатно остануваат во сопственост кај еден купувач над 15 години, доаѓа од една куќа со вкупен процент од 6,1 %. Станува збор за Toyota, чиј модел Prius, останал во сопственост дури 2,2 пати подолго од просекот.

Така, 13,7 од петнаесетгодишните примероци на автомобили биле најдени во гаражите на првите сопственици. По него следува теренецот Highlander со 12,4 %, што е двојно повеќе во однос на просекот. Tacoma, Sienna и Tundra се следните модели на оваа листа со 11 %.

Интересно е тоа што преостанатите три возила во топ-10 се од јапонски бренд. На шестото место е Honda CR-V, следува SUV Honda Pilot, а Subaru Forester, Toyota 4Runner и Тoyota Sequia ги заокружуваат првите десет на оваа листа.

Оваа листа и не е за изненадување до толку што возилата на Toyota и Honda се познати по издржливоста и безбедноста, а нивните сопственици, особено оние што се рационални, не сакаат нивните лимени миленици да им задаваат главоболки и големи трошоци поради честите дефекти.

Scroll to Top