Авторот на „Игра на тронови“ во изолација го пишува крајот на книгата

Aвторот на „Игра на тронови“, Џорџ Ар Ар Мартин, во изолазија почна да го пишува крајот на популарната книга. Тој изјави дека конечно му се вратила инспирацијата, па затоа повторно ѝ се посветил на приказната што ја обожаваат милиони луѓе од целиот свет.

Мартин смета дека може да биде доволно креативен сега, кога нема продукција на серијата, и конечно може да ја заврши приказната, односно книгата „Ветрови на зимата“ која фановите ја чекаат речиси 9 години.

Она што засега е сигурно е дека Мартин ќе го напише делото според својата замисла, а не според крајот на серијата, којшто продукцијата мораше самата да го смисли, бидејќи последниот дел од книгите не е напишан.

„Поминувам повеќе време во Вестерос отколку во реалниот свет, пишувам секој ден. Нештата се мрачни во Седумте кралства“, напиша на својот сајт Мартин. Тој имаше идеја кога почна продукцијата на серијата да ги напише и „Ветрови на зимата“ и „Соништата за пролетта“, но не успеа во тоа.

Крајот засега е неизвесен, но публиката му дава голема поддршка и многумина велат дека едвај чекаат да видат како Мартин го замислил крајот на приказната.

 

Scroll to Top