Четиринаесет готвачи во Турција направија баклава тешка 518 килограми. Со тоа го соборија светскиот рекорд и влегоа во Гинисовата книга на рекордите. Групата ја предводеше Мехмер Канбур, кој рече дека баклавата ја правеле цели шест месеци.
Испечена е во 2,5 метра широка и 7,5 метри долга тепсија, во специјално направена печка.
„Нашата порака за светот е – јадете слатко и зборувајте слатко“, рекол Канбур за медиумите во Анкара.
Do you think you could eat all this baklava? Bakers in Turkey claim to have broken the Guinness World Record for the largest tray of baklava, weighing in at over 1,100 pounds. https://t.co/B6zjZOGPgQ pic.twitter.com/iHaRrOVn84
— ABC News (@ABC) March 22, 2018