Балетот „Клеопатра“ вечерва на Јутјуб каналот на НОБ

Вечерва од 20 часот, на Јутјуб каналот на Националната опера и балет (НОБ) онлајн премиера ќе има балетската претстава „Клеопатра“. Ова е една од најпопуларните претстави на НОБ, која премиерно беше поставена во ноември 2016 година.

Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, либретото е на Јана Темиз од Турција, а музиката на Нерија Цепаите Голдберг од Литванија. Улогата на Клеопатра ја игра примабалерината Александра Мијалкова, а во балетот играат и Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасовска.

Scroll to Top