Балетската претстава „Сви марш на плес“ вечерва во МОБ

Вечерва ќе се одржи балетската претстава „Сви марш на плес“  во салонот на МОБ во  20.30 часот.

Како што велат организаторите, во претставата учествуваат танчери и уметничка екипа од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Кореограф е познатиот и веќе докажан Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на групата „Бијело дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ.

Балетскиот ансамбл го сочинуваат Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.

Настанот е во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Scroll to Top