Бебето Ајла е спасено 91 час по земјотресот во Измир

Спасувачките екипи во Турција 91 час по катастрофалниот земјотрес го извлекоа бебето Ајла Гезгин од урнатините во Измир. Бебето со носилка беше однесено со амбулантното возило, а присутните аплаудираа во нејзина чест и во члест на спасувачите, пишуваат турските медиуми.

Ајла Гезгин е 107. спасена по земјотресот со јачина од 6,6 степени што го погоди Измир во петокот. Во земјотресот загинаа 102 лица, соопшти Министерството за вонредни состојби. Првиот човек на министерството, Мехмет Гулуоглу, на „Твитер“ напиша дека е спасено уште едно дете.

„Најдовме уште едно дете. Фала му на Бога“, напиша тој.

Scroll to Top