Бебето од корицата на албумот „Невермајнд“ ја тужи Нирвана за детска порнографија

Спенсер Елден (30), голото бебе чија слика е на корицата на албумот „Невермајнд“ на Нирвана, ја тужи групата за детска порнографија. Елден имал 4 месеци кога го сликале за корицата на албумот. Тој сега тврди дека групата го прекршила американскиот закон за детска порнографија и дека тоа е сексуална злоупотреба на дете.

Елден го има истетовирано зборот Nevermind на своите гради, а низ годините неколку пати се сликал во базен за да ја реконструира култната слика од албумот снимен 1991 година. Тоа го повтори на десетгодишнината од издавањето на албумот, па и на 20. и 25. годишнина.

Според американските медиуми, тој сега сака да заработи пари, оти неговиот татко побарал само 200 долари за да се направат сликите со Спенсер. Во тужбата на Елден, освен живите членови на „Нирвана“, се наведени и фотографот Кирк Ведел и дискографската куќа на Дејвид Гефен.

„Доживотната штета која му е предизвикана на оштетениот значи екстремно и постојано емотивно вознемирување, пречки во нормалниот развој и образовен прогрес, доживотен губиток на капацитетот за заработка, губиток на минати и идни заработки, како и минати и идни трошоци за медицински и психолошки третмани, губење на радоста на живеењето и други загуби кои ќе бидат опишани во текот на судската парница“, стопи во тужбата.

„Невермајнд“ е вториот албум што го сними „Нирвана“ и кој и денес се продава во тираж од околу 250.000 копии месечно.

Scroll to Top