Беше еднаш во Југославија – Дали Југословените живееле полошо од граѓаните во Западна Европа?

Во соработка со „Yugopapirom“, се одлучивме да провериме каков бил стандардот на Југословените во споредба со стандардот на жителите во Западна Европа.

Јануари 1974: Порастот на цената не е само наш, југословенски проблем, туку забележан е во сите земји од нашиот континент.

Цената на растот е и во Германија, Франција, Холандија… Влијае на стандардот на граѓаните, особено на оние со просечни примања. Каков е тој стандард во земјите со „силна валута“, која е посилна од нашата, тука треба да ги издвоиме Швајцарите, Австралијците, Англичаните, на нивните големи заработувачки?

Оваа анкета ја спроведе германското списание „Quick“. Во девет европски земји, меѓу кои е и Југославија, „Quick“ анкетираше просечни семејства од четири члена и доби интересни податоци. Во сите анкетирани семејства вработен е само таткото.

Податоците за примањето и издатоците на списанието ги изнесоа во западноамериканските марки, па така и ги пренесуваме.

СР Германија

Норберт Шмит (31) има плата од 1701 марки, а по одбивањето на данокот и социјалното осигурување прима нето од 1207 ДМ. Toj има сопруга Рената (31), ќерка Мариана (8) и син Фрдрих (6). Живеат во Минхен во двособен стан од стара зграда, за која месечно плаќа 159.55 ДМ, а за струја и греење 94.50 ДМ.

Затоа што живеат „така евтино“, Шмитови добро „излегуваат на крај“. Повеќе од една третина на приходите, 451 DM трошат на прехрана. Имаат фрижидер, телевизор, но немаат автомобил. Ретко излегуваат, а од време на време пијат дома, по некое шише вино.

Штедат месечно 100 ДМ, за да еден ден се преселат во поголем стан, набават аквариум со риби и летуваат во странство.

Шевдска

Шведска просечно семејство живее најобро, но го плаќа најголемиот данок. Економистот Бо Јохансон (32) има бруто плата 2.175 ДМ, а според одбитоците за данок, и социјално прима нето 1348 ДМ. Живее во сопствена куќа, во Берлос, недалеку од Хелсингборг, Јохансон има возило со кое патува до работа.

 

 

Сопругата Еина (34) има фрижидер, и телевизор, а ќерката Карина (11) и Јенг (9) имаат и свој телевизор во детската соба. За прехрана, тие трошат 627ДМ. Таксата за еден телевизор е 16 ДМ, месечната отплата за куќата изнесува 238 ДМ, а трошоците за греење, и струја 73 ДМ, месечно, распоредено на цела година.

На штедната книшка имаат 3500 ДМ. Родителите одамна сакаат магнетофон, а ќерката велосипед.

Швајцарија

Управувач на дигалка Диетер Неуман (30) од Глатфелден кај Цирих, има бруто плата од 1558 ДМ, а поради тоа што данокот во Швајцарија е мал, неговата нето плата е иста како и плата на Германецот Шмит. Но, Неуман сам ги плаќа лекарите, лековите и забарот. Состојбата во четрисобниот стан со сопругата Рената (30), ќерката Сабина (8) и синот Рогер (7) и плаќа ќирија, 299 ДМ, наместо 381 ДМ.

За храна трошат месечно 574 ДМ, за струја и плин 33 ДМ, а за „непредвидена ситуација“ оставаат по 50 ДМ. Ренат Неуман има телевизор, но посакува да со семејството оди на летување и тоа со авион.

 

 

Англија

Секое пени, кое ни останува го вложуваме во куќата и градината“, вели Англичанецот Џон Вилиамсон (35). Но, на него не му останува многу, затоа што како службеник на фирмата за продажба на материјали прима месечно 900 ДМ. Куќата во местото Чесхам, 50 километри од Лондон, ја купиле пред три години поевтино, за 27.000 ДМ, а годишно отплаќаат 2100 ДМ.

Ивон Вилиамсон (34) вешто се снаоѓа и со 200 ДМ излегува на крај. Може, за воља на вистината да купи евтино месо“, вели таа. Наместо да плаќа децка градинка за синот Ричард (3), таа еднаш неделно го носи во градинка.

Постариот син Кристофер (5) веќе иде во школо. Му купија постаро возило, а имаат и телевизор. Дури пред година дена набавија фрижидер, но за машина за перење на облека, немале пари. Џон е задоволен: „Нека само остане вака“. Но, неговата сопруга фантазира за нов намештај.

Франција

„Не можеме да се направат поголеми скокови“, вели Доминик Баке (28). нејзиниот сопруг Џерард (30), е автомеханичар, во една голема компанија и прима месечно 1069 ДМ, како и 62 ДМ децки додаток и 26 ДМ додаток за стан. Тој го има синот Емануел (9) и ќерката Сара (7), а од неодамна живее во местото Рагидел недалеку од Париз, во четрисобен стан. До тогаш целото семејство живее во една соба.

Закупнината на новиот стан со греење, изнесува 220 ДМ, но на крајот на годината треба да се платат уште 452 ДМ „стамбен данок“. Со својот половен автомобил Џерард неделно пазарува за цела недела. За прехраната потребни се 500 ДМ, месечно, а за шише вино, секој ден уште 1,30 ДМ. Доминик Баке има фрижидер, машина за шииење како и машина за перење.

 

Италија

Семејството Медини живее во Милано, а стандардот е поголем за семејствата на југот на Италија. Магационерот Гиоргио Мерлини (42) прима месечна нето плата од 1200 ДМ. Тој има за среќа имот закупнина на двособен стан, и плаќа само 200 ДМ за него. Таткото, мајката Рената (42) и синовите Џиани (15), и Стефано (10) не штедат на храна. „Трошиме месечно на храна, пијалоци и цигари 560 ДМ“.

 

Имаат автомобил Фиат и за него трошат 120 ДМ, за струја и плин 32 ДМ, а за телевизор 4 ДМ. Телевизорот и градскиот превоз е најевтин во Европа. Така за возење со трамвај, или автобус плаќа 28 пфениги, а за метро 40 пфенига.

Југославија.

Авдо Пајевиќ (40) службеник во пропагандното индустриско претпријатие, зема плата 375 ДМ. Тој, неговата сопруга Фатима (35) и синовите Шемсудин (12) и Дамир (6), сепак не живеат лошо.

Живеат во центарот на Сараево во модерен двособен стан, за кој плаќаат закупнина од 17 ДМ, а 30 ДМ за греење, струја, и вода. Околу 200 ДМ, како и кај семејствата од Англија, одат на останатите трошоци за живот.

Таткото Авдо иде со синовите еднаш месечно во кино, а тоа е додаток од 3.40 ДМ за се. Сопругата Фатима, троши за фризер и козметика 7 ДМ месечно.

Тие немаат автомобил, но имаат телевизор, фрижидер и машина за перење.

„Заштедуваме 40 ДМ, а тогаш купуваме некоја поголема работа за куќата“.

Холандија

Затоа што закупнината во големите градови е така висока „што никој не може да ја плати“, холандскиот службеник Алберт Ван Врис (52) живее со сопругата Ели (41), синот Франко (16) и ќерката Јоланда (14), во четрособен стан во градот Зоетермеер.

20 километри до работното место Алберт патува секој ден со автобус, затоа што е поевтино отколку да патува со мало возило

Од 1200 ДМ колку што му е платата, за станот со греење одвојува 250 ДМ, 48 ДМ за струја и вода, за телефон 38 ДМ, а за автомобил кој воглавно стои во гаражата, 96 ДМ. Остатокот од 760 ДМ го добива од сопругата Ели за домаќинство и сите други додатоци. Со таа сума, таа „едвај излегува на крај“, па купува евтини намирници. Таа претходно била фризерка, и затоа самата ги шиша мажот и децата.

 

Синот Франк, инаку ученик, разнесува весници и со тоа го зголемува џепарлакот, кои инаку бил само 10 ДМ месечно. Заработката од разнесувањето на весници заштедил за мопед.

Австрија

Службеникот на полицијата, Херберт Тиш (32) неговата сопруга Отилиа (30) ќерката Кристина (11) и синот Херберт (9) живеат во Траисен во Јужна Австрија. Тие имаат доста долгови,но сепак се среќни затоа што живеат во трособен стан кој е во нивна сопственост. Земале да го отплатат за 51,300 ДМ и уплатиле 8100 ДМ.

Хербер прима месечно 875 ДМ и целиот износ го дава на сопругата Отилија која распоредува: 162 ДМ, оди на отплата на станот, 101 ДМ за греење и струја, 324 ДМ за прехрана, 67 ДМ за фустани, а неодреден износ за автомобил Фолксфаген.

Домаќинката за себе троши „речиси ништо“, а оди на шопинг со велосипед. Сопствен стан и бил глема желба за целата фамилија. Имаат фрижидер, машина за перење и телевизор. Сега штедат за нов автомобил, и за летување во Шпанија, но не знаат кога нивната желба ќе се оствари.

 

 

Scroll to Top