Без бурка на улица следува казна удари со стап, нема веќе училиште, ниту високи потпетици: каква судбина ги чека Авганистанките

Сите ги гледавме шокантните сцени од Авганистан овие денови и враќањето на озлогласените Талибанци на власт во Кабул. Пред да се вратат во земјата, жените живееа како мажите и не им слугуваа, имаа право на вработување, социјален живот, право на говор и мислење. Но, сега повторно започнува ерата во која е возможно некој да дојде кај таткото за да му ја земе ќерката, да ја венча со непознат талибански борец од ридовите.

Еве со што би се соочиле Авганистанките за време на сегашната окупација од Талибанците.

1. Нема да можат да излезат нормално на улица, ќе мораат да се облечат бурка и само очите да им се гледаат. Во спротивно ќе бидат истепани, среде улица, со стап.

2. Ако се облечат нормално и излезат надвор, секогаш ќе мора да има некој маж од нивното семејство.

3. Иако ќе бидат нормално облечени, во присуство на нивен татко или брат, нема да смеат гласно да зборуваат на улица, за да не ги провоцираат мажите.

4. Нема да имаат право на вработување. Ќе мора да седат дома и да ги чуваат своите деца, но и децата на сопругот кои тој ги има со неговите три дополнителни жени. Тој ќе одлучи колку деца ќе има со секоја од нив.

5. Нема да имаат право да изберат сопруг. Девојките ќе бидат омажени за постари мажи.

6. Иако ќе бидат покриени од глава до пети, придружувани од машки член од семејството, додека зборуваат тивко, нема да можат да се возат со јавен превоз, за да не ги проовоцираат мажите.

7. Девојчињата немаат право да одат на училиште по 8-годишна возраст, а дотогаш ќе можат да учат само стихови од Куранот.

8. Ако се разболат, не ќе може да ги лекува машки доктор без присуство на некој маж од семејството.

9. Нема да можат да носат чевли со високи потпетици, за да не ги слушнат сопрузите додека чекорат, бидејќи тоа би ги предизвикувало.

10. Прозорците во куќата каде што живеаат ќе треба да бидат пребојадисани, да не бидат здогледани од случаен минувач од улица кој би можел да се испровоцира од глетката.

11. Ќе им биде забрането да се појави нивна слика во медиумите, филмовите, книгите, рекламите.

12. Ќе им биде забрането да излегуваат на балкон или тераса.

13. Нема да можат да се појават на било какви јавни собири, бидејќи тие се резервирани само за мажите.

14. Нема да можат да возат велосипед или мотор, дури иако бидат придружувани од машки член на семејството.

15. Нема да можат да одат на козметичар или на масажа.

16. Нема да можат повеќе да купуваат облека, чанти, чевли кои им се допаѓаат.

17. Ќе им биде забрането да се шминкаат.

Под окупација на Талибанците, жените немаат право на својот живот, тие се предмет на потсмев, малтретирање, секаков вид насилство што е неприфатливо во која било земја на светот во 21 век. Според едно истражување, дури 97 проценти од жените кои живеат таму покажуваат знаци на тешка депресија.

Scroll to Top