Без секс и социјални медиуми за германските фудбалери на СП во Русија

Јоаким Лев, селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, на своите играчи им забранил секс и социјални медиуми додека трае Светското првенство во Русија. Ова го објавија италијанските и германските медиуми. Секој што ќе ја прекрши забраната ќе биде казнет.

Германците се подготвуваат за Мундијалот во Јужен Тирол, Италија. Ако во текот на подготовките фудбалерите посакаат да ги видат сопругите, децата или девојките, ќе мора да добијат дозвола од селекторот.

Иако им забрани секс и „Фејсбук“, Лев нема да го забрани алкохолот додека трае првенството.

„Секако дека тимот е поважен од егото“, рекол Лев, појаснувајќи дека алкохлот ќе биде дозволен, ама само на заедничките прослави.

Германија до почетокот на првенството ќе одигра две контролни средби, против Австрија в сабота и против Саудиска Арабија на 8 јуни.

На Светското првенство Германија во првата фаза ќе игра против Мексико, Јужна Кореја и Шведска.

Scroll to Top