Би-би-си ја прогласи Приштина за најгрд главен град во Европа

Според Би-би-си, Приштина е најгрдиот главен град во Европа. Репортерот кој го направил изборот, во 2018 година престојувал близу булеварите Џорџ Буш и Бил Клинтон и Приштина ја опишува како „град со комунистички стил од бетонски блокови и валкани улици“.

„Не мислам дека се работи за најлошиот хотел на светот, но само затоа што светот е многу голем“, се повикал новинарот на изјавата на Хашим Тачи и додал дека на култниот сајт Lonely Planet, Приштина е опишана како „едно не многу естетско место“.

Според новинарот, Националната библиотека на Косово е најгрда зграда во Европа, а нејзината ограда потсетува на затвор.

И Тhe Boston Globe ја опишува Приштина како „најгрда и најсмешна престолнина во Европа“.

Scroll to Top