Би-би-си наводно добил 100.000 жалби за известувањето за смртта на принцот Филип

Би-би-си добил 100.000 жалби од гледачите за известувањето за смртта на војводата од Единбург.

Корпорацијата во петокот веднаш го расчисти дневниот програмски распоред кога беше објавена веста дека принцот Филип почина на 99-годишна возраст.

Сапунската опера „Истендерс“ и финалето на натпреварувачкото шоу MasterChef беа заменети со вести, а програмата на каналот „Би-би-си 4“ (што емитува филмски, музички, документарни и забавни содржини) беше целосно прекината.

Би-би-си одби да го потврди бројот на поплаки што ги добил. Деталите за поплаките официјално ќе бидат објавени в четврток. Бројките треба да бидат вклучени во двонеделниот билтен на радиодифузерот за добиени жалби.

Бројка од 100.000 поплаки за известувањето за смртта на принцот Филип програмската шема на Би-би-си може да ја претвори во програма со најмногу поплаки во историјата на куќата.

 

Scroll to Top