Бикини-моделот Ана Роудс сподели две фотографии на социјалните мрежи од едно натпреварување на кое учествувала.
На двете фотографии изгледа речиси идентично и нејзиното тело е во совршена форма, но меѓу нив постои голема разлика.
Многумина веќе се имаат навикнато на фотошопот што го прават голем број девојки. Главно го прават поради тоа што сакаат да покажат дека се далеку пред сите други до совршено тело.
„Некои неодамна ми рекоа дека сакаат да изгледаат витко, како на моите фотографии. И да бидам искрена, не ми беше драго поради тоа затоа што се почувствував виновна. Овие фотографии се прават со помош на професионално осветлување, вештачки тен, еден куп шминка, а тука се и совршените пози за сè да се изгледа совршено“, открива таа.
Ана додава дека професионалните фотографии не го прикажуваат вистинскиот изглед на моделот, како ни реалноста на животот со така низок процент на маст во организмот.
„Бев тешка 45 килограми, и полуден кога се здебелив половина килограм. Сега имам 58 килограми. Се сеќавам кога тренерот ми рече дека нозете не ми се доволно витки, па поради тоа станав опседната со фактот дека имам дебели нозе. Тоа всушност во основа било нарушување замаскирано со фитнес, и не се плашам да го кажам тоа“, вели таа.
Ана со својата фотографија едноставно сака да ги инспирира другите луѓе да се чувствуваат ментално и физички добро, а не поради помалиот број килограми.