Бил Клинтон напиша политички трилер-роман

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, со помош на авторот на бестселери Џејмс Патерсон, напиша политички трилер инспириран од неговото време во Белата куќа. Книгата сонаслов „Претседателот е исчезнат“ е прв трилер на поранешен американски претседател.

„Сакам трилери. Прочитав огромен број книги од овој жанр. Сѐ до 80-те години нема читав мистерии или трилери. Сега сум воодушевен“, рекол Клинтон кој е голем фан на делата на Патерсон. Тој вели дека во еден здив ги прочитал сите 25 книги на Петерсон за психологот-детектив Алекс Крос.

„Шоутајм“ ги откупи правата за романот и ќе снима ТВ-серија која ќе се емитува догодина. Желба на Клинтон е Џорџ Клуни да го глуми претседателот во серијата.

Клинтон претходно има напишано четири книги, меѓу кои и мемоарите „Мојот живот“.

Scroll to Top