Бил Козби останува на слобода, Врховниот суд одби да ја повтори кривичната постапка

Врховниот суд на САД одби да ја обнови кривичната постапка за сексуален напад против комичарот Бил Козби, пренесе AFP.

Во 2018 година Козби беше обвинет за напад на Андреа Констанд, кој го направил во 2004 година во неговата вила во Филадефлија.

Ова било прво обвинение и прва осуда и пресуда против една славна личност за сексуална злоупотреба, откако беше покрената глобалната кампања наречена #Me Too.

Повеќе од 60 жени го обвинија Козби дека биле жртви на неговите напади, но кривичната постапка беше водена само поради нападот на Констанд, додека во останатите случаи беше застарено делото. Козби беше пуштен на слобода минатата година, откако беше поништена пресудата од 2018 година.

Во укинатата пресуда тој беше прогласен за виновен за употреба на дрога и сексуална злоупотреба, по што тужителот минатата година вложи жалба. Понискиот суд во образложението за укинување на пресудата наведе дека на Козби му било ускратено правичното судење.

Врховниот суд не ја образложи одлуката, туку на веб-страницата објави дека единствено жалбата на обвинителот била одбиена. Во одбрана, Козби рече дека средбата со Констанд била согласна, а и дека тој си ја одлежил двегодишната затворска казна за сторените дела.

 

 

 

Scroll to Top