Битолчани го освоија Елбрус, највисокиот врв во Русија

Вчера битолчаните Никола Талевски-Јапан, Александар Петровски-Шпере, Ана Котевска, Драги Павловски и Даниел Јанков. членови на неколку различни планинарски друштва, го освоија највисокиот врв на Русија, Елбрус 5642 нмв.

Елбрус е заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и Русија, а според некои мислења и во Европа.

Пред неколку дена уште еден битолчанец освои светски врв. Адвокатот Горан Дамевски, член на ПСК Пелистер, го освои врвот на Арарат, 5137 нмв.

Планината Арарат е завеан и заспан сложен вулкан на крајниот исток на Турција. Се состои од два големи вулкански конуси: Големиот Арарат и Малиот Арарат. Големиот Арарат е највисокиот врв во Турција и Ерменскиот Хајленд е со надморска височина од 5.137 м, додека висината на Малиот Арарат е 3.896 м.

 

Scroll to Top