Битолчанка прави подобра пица од медитеранците  

Пет златни медали за готвење доби битолчанката шеф Весна Тодоровска Алачковска на Интренационалнит натпревар во готвење во Будва, Црна Гора и Best Cook Fest во Измир, Турција. Весна е дел од тимот на ГастроМак, а наградите ги доби во категориите: национално јадење, комплет мени, модерна кујна – јадење во три ганга, како и во категориите – паста, пица и азиска кујна.

Инаку македонската асоцијација на готвачи и шефови на кујни – Гастро Мак Македонија, освоија вкупно шест златни медали на годинешните интернационални гастрономски натпревари, на кој учествуваа натпреварувачи од повеќе регионални и сверопски градови.

Scroll to Top