Жералд Мари, поранешниот маж на супермоделот Линда Еванџелиста, е обвинет дека силувал неколку манекенки во време кога бил на чело на позната модна агенција. Најмладата манекенка имала 17 години, стои во обвинението.
Кривична тужба против Жералд Мари поднела манекенката Кери Отис, некогашна сопруга на глумецот Мики Рурк, а потоа се приклучиле уште неколку жени. Случајот е презентиран на судот во Париз.
Жералд Мари ги негираше обвинувањата против него.
Мари беше во брак со Линда Еванеџелиста од 1987 до 1993 година.