Бојана денеска им кажа збогум на хемотерапиите и силно заѕвони на победничкото ѕвонче во Детската клиника од Скопје. Таа е една од оние деца кои успеале да го победат ракот.
„Една кротка убавица, покажа дека е лавица. Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај!“, велат од Клиниката за детски болести.
Поранешниот министер за здравство и хирург Венко Филипче кој ја сподели убавата вест на својата Фејсбук страница.
„Ѝ посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители!“, напиша тој.