Британскиот премиер Борис Џонсон, е под истрага, затоа што си го реновирал станот за 200.000 фунти. Тој се најде во фокусот на јавноста, откако неговиот поранешен главен советник изјавил дека можеби ги прекршил правилата за политички донации.
Законите му овозможуваат на Џонсон да има на располагање само 30.000 фунти годишно за одржување на официјалната резиденција. За сѐ останато, премиерот мора самиот да си плати.
Портпаролката на Џонсон демантирала дека биле користени пари од Конзервативната партија, а и самиот Џонсон изјавил дека лично платил за реновирањето.
Главоболките за Џонсон се случуваат на само осум дена од локалните избори во Англија и изборите за регионалните парламенти на Велс и Шкотска.
Џонсон на располагање има 30.000 фунти годишно за одржување и опремување на официјалната резиденција, а сѐ што ја надминува оваа сума мора да биде подмирено од самиот премиер.
Во спорното реновирање наводно биле вложени 200.000 фунти, но Џонсон не пријавил дека парите дошле од некаков заем. Во март, весникот „Дејли мејл“ објави дека Џонсон планирал да ги собере парите преку донори на партијата.
Истрагата беше покрената откако изборната комисија на Британија се посомнева дека имало прекршоци при реновирањето на станот на Џонсон минатиот месец.