Борис Џонсон си го именуваше помладиот брат за државен секретар

Британскиот премиер Борис Џонсон по преземањето на должноста ги именуваше министрите во новата влада кои треба да му помогнат во спроведувањето на брегзит до 31 октомври.

Она што го привлече вниманието на светските медиуми е тоа што Џонсон го именувал својот помлад брат Џо Џонсон за државен секретар во Министерството за бизнис, енергетика и индустриска стратегија.

Џонсон го именуваше поранешниот министер за брегзит Доминик Раб, кој ја напушти владата на Тереза Меј, поради нејзиниот договор за излегување на Британија од ЕУ, за шеф на дипломатијата и прв државен секретар. На позицијата нов министер за брегзит се најде Стивен Баркли.

За министер за финансии е именуван поранешниот министер за внатрешни работи Саџид Џавид, додека поранешната министерка за меѓународен развој Прити Пател е именувана за министер за внатрешни работи, пренесе „Ројтерс“.

Бен Волас е именуван за министер за одбрана, откако Џереми Хант ја одбил понудата на Џонсон да се најде во неговата нова влада. За министер за здравје именуван е Мет Хенкок, додека за министер за заштита на животната средина е именунава Тереза Вилерс. Лиз Трас е именувана за министер за трговија.

Гевин Вилијамс е именуван за министер за образование, додека Ники Морган е именуван за министер за култура. За министер за Северна Ирска именуван е Џулијан Смит, а Роберт Бакленд за министер за правда и лорд висок канцелар.

Scroll to Top