Борко Андреевски е првиот доброволец од Македонија и регионот за тест на вакцината од Оксфорд за ковид-19

Македонецот Борко Андреевски, кој живее и работи во Велика Британија, потврдил дека доброволно ќе биде тестиран на вакцината против вирусот „Ковид-19“, на Универзитетот Оксфорд, пренесува српски „Курир“.

Вакцинацијата на доброволци почнува утре, а Андреевски доброволно се пријавил со цел да помогне светот да се избори со новиот, опасен вирус. Како што е наведено, на основа на извршените прегледи, утврдено е дека тој ги исполнува условите за тестирање.

„Сега очекувам да добијам датум кога ќе бидам тестиран, а потоа во наредните три месеци треба да поминам шест прегледи со вакцинацијата“, вели Андреевски.

Како што е познато, станува збор за првата личност од регионот на Западен Балкан, кој ќе биде тестиран на вакцината против „Ковид-19“.

Scroll to Top