Револтирани граѓани во Скопје поради лажните попусти штосе нудат на производите во продавници, бутици, салони за бела техника, предупредија на социјалните мрежи дека ценовниците од попустите не се реални.
Цената со попустот од 50 проценти на еден производ е идентична со онаа која производот ја имал и претходно. Најпознатиот петок во светот, кога граѓаните во светот чекаат со редови за да влезат меѓу првите во продавниците и кај нас се покажа популарен, оти во трговските центри се чекаше од рано наутро да се отворат вратите.
Граѓаните се жалат дека за денешниот „Блек фрајдеј” во многу познати продавници намалувањето на цените е лажно.