Братот на Кејт Мидлтон се ожени во тајност во Франција

Братот на Кејт Мидлтон, Џејмс, тајно се венча со својата девојка Ализ Тевант, во селото Борм-ле-Мимосас на југот на Франција. Веста за венчавката ја соопшти тој преку Инстаграм, еден ден по свадбата.

„Вчера се оженив со љубовта на мојот живот, опкружен со семејството, пријателите и со неколку кучиња во мало село на југот на Франција. Не можам да опишам со зборови колку сум среќен“, напиша Џејмс.

Неговата сопруга Ализ е Французинка и експерт по финансии.

Иако кралската палата не потврди, британските медиуми пишуваат дека на венчавката биле принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Scroll to Top